НЕ Е ПРВПАТ ДА НЕМА ОТПАЃАЊЕ

Фудбал

Додека фудбалерите на Победа тренираат секој дома, вниманието е свртено кон предлогот што клубот го имаше доставено до сите други клубови, а се однесува на фер-разврска во вакви околности на вонредна состојба. Дознаваме дека клубовите дале согласност, но од ФФМ немало уште реакција. Аргументите од Победа се силни. Нема да е првпат во историјата да нема отпаѓање низ проширување на лигите. Нешто слично било во 2007 година, кога имало обид за нелегални промени во Федерацијата. Сега е уште потешка ситуацијата. Цел месец нема тренинзи ни натпревари, фудбалерите не мрдаат од дома. И да биде решено првенството да продолжи во мај, јуни, не ќе може веднаш да се игра, оти се потребни подготовки од почеток, долги месец ипол. Од сите овие причини се очекува праведна одлука за задржување на статусот на сите клубови.

Победа мора да решава и внатрешен проблем – финансискиот.

Loading