Ракомет
Од вчера до недела беше планирано, но од познатите причини откажано, одржувањето на Меѓународниот ракометен турнир за ветеранки и ветерани ,,Срцето на Босна,, во Травник, во организација на домашниот клуб Борац. Домаќинот во југоносталгичен стил ги поделил категориите на ,,другарки и другари,,. Во категоријата ,,другарки,, требаше да настапат 8 екипи од Хрватска, по 1 од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Словенија и Србија, како и 1 комбинирана од целата некогашна Југославија. Во категоријата ,,другари,, беа пријавени: 10 екипи од Хрватска, 6 од Босна и Херцеговина, по 2 од Србија и Словенија, 1 од Македонија – Млади ветерани од Прилеп.
Прилепчаните се домаќини на летниот турнир ,,Таста – Лара,,.