ЗАШТИТА НА ДОМОТ ОД ВИРУСИ

virus

Бидејќи исчезнуваат средствата за дезинфекција, течните сапуни, крпи со алкохол од маркетите, експертите порачуваат како да се чисти домот и да се заштити од вируси при недостаток на соодветни средства.

Миењето на рацете е најважно. Доколку нема сапун, антибактериски гел и алкохолни крпи за дезинфекција, може да се приготви смеса од спирт, дестилирана или преварена вода, малку глицерин или гел од алое вера. Во составот да има 60 процентен спирт.

Облеката, палтата и јакните, не се перат секој ден. Најдобро е да се соблекуваат до влезната врата и да се проветруваат 3 часа. Носените ракавици и шаловите треба веднаш да се исперат.

Чевлите се соблекуваат во ходникот.

Највалкано место дома се кваките на вратите. Најлесно се дезинфицираат со мешавина од вода и варикина. Смесата во однос 9:1 ефикасно ги отстранува сите нечистотии и штити од вируси. Нужна е чистотата на кваките, бидејќи вирусите може да се задржат до 8 часа, ако не се исчистат.

Кога се излегува од дома, се одбираат ракавици за еднократна употреба.

Loading