ВИДЕО СНИМКИ НАМЕСТО ТЕАТАР

„Театарот Чин 4 – Сцена 5“ во времето на мерките за превенција од коронавирусот, им понуди на следбениците поинаква содржина на својата Фејсбук страница. Станува збор за видео содржини кои театарот ги објавува секојдневно.

-На ФБ страницата се објавуваат видео снимки од архивата на театарот и две нови видео содржини подготвени специјално во овие услови, кога театарот е затворен и се одложени претставите кои требаше да се играат на репертоарот. Првата видео содржина е “Ајде да читаме” во која членовите читаат книги (овојпат е “Малиот принц”), а втората содржина е шоу, “Кире и другарите” , во кој преку театар на импровизација секој понеделник ансамблот се обидува да им го збогати секојдневната монотонија на граѓаните од  – велат од театарот.

Содржините ќе продолжат да се објавуваат и по завршувањето на мерките. Уште еднаш се најавува дека театарот премиерно ќе ја изведе хуманитарната претстава “Солунски патрдии” штом мерките ќе завршат.

Куси инсерти од ликовни изложби и претстави во време на вонредна состојба  на својата ФБ страница објавуваат и од ЦК ,,Марко Цепенков,,, да го задржи вниманието и да го развие духот на културата и уметноста на граѓаните додека седат дома.

Loading