ГЛЕДА ТУРНИР И ЧИТА КНИГИ

Шах: Фидемајсторот Роберт Велески

Фидемајсторот Роберт Велески требаше да учествува на дводневниот турнир од Алкалоид во Скопје, но се откажа од познатите причини.

-Така, седам дома и преку интернет следам партии од турнирот во Екатеринбург, Русија. Има занимливи варијанти. Интересно е што осумтемина учесници се тестирани по двапати дневно. Инаку, кој ќе победи, ќе биде противник на светскиот првак Карлсен. Покрај тоа, читам и книги. Љубител сум на литературата – вели Велески.

Loading