ТРЕНИНЗИ НА ПЛАНИНА

Пинг-понг

Се снаоѓа секој како што знае и умее. Ако и пингпонгарите немаат можност за колективни тренинзи, се одржуваат индивидуални. Дознаваме дека секој поединец е активен дома, а по некој пешачи до најблиската планина. Важно да не се мирува. Последните мечеви беа на 8 март. Тогаш, лидерот Младост, со по 4-1  ги совлада Работнички и Телеком, а Младост 96 ја покажа силата и кандидатурата за титулата со победите од по 4-0 над Радовиш и Телеком. И овде не се знае кога ќе се одиграат одложените мечеви – на Младост со Радовиш, на Младост 96 со Вардар и Шампиони ФА.

Loading