ПРИЛЕП И ДЕСПИНА ВО МИРУВАЊЕ

Ракомет

Забраната, важи и за ракометот. Машката прволигашка екипа Прилеп последниот меч го одигра на 8 март, во Куманово, кога се случи поразот со 28-24. Следниот натпревар дома со лидерот од табелата, Астраион од Струмица, не се одигра. Се чека подобрување на ситуацијата. Прилепската екипа последниот тренинг го одржала на 11 март. Оттогаш наваму не тренира од две причини: препораката поради коронавирусот, а и немањето сала, со оглед на тоа што салата ,,Ричко,, поради познатите причини не е на располагање.

Женскиот тим Деспина на 11 март гостуваше во Свети Николе, каде со 24-35 го совлада Овче Поле. Оттогаш наваму ни натпревари ни тренинзи. Дури по подобрувањето на ситуацијата, ќе се одигра мечот дома со шампионот Металург.

Loading