СИТЕ СЕ СМЕЕЈА, А ЈАС ПЛАЧЕВ

Жената во едно село ја фатил бесот од удобниот живот и од карактерот на нејзиниот чесен маж, и фатила крив пат. Се заљубила во комшијата. Тајната љубов одела неоткриена подолго време. Мажот на бил отракан. Насетил дека жена му го изневерува. Но, се однесувал нормално како да не знае. Неверството тајно го сл;едел да рабери со кого води љубов неговата неверна жена.

Една ноќ излегла жена му, небаре за по нужда. Мажо станал од  со ножици во темнината. Жената му без да го забележи си, занесена во љубовникот, отишла право во гумното пред сламата. Го чекала љубовник. Дошол комшијата и без сигурносно внимание, ослободени од страв, одма се загреале и почнале љубовна игра. Жената потпрена на сламата, напучена со отворена врата на нејзината загреана фурна го чекала да проработи ражено на љубовнико да пробуричка во фурната, да е угаси пламенот. Со дикат, се доближил маж í, и со ножиците чкрапнал. Му го пресекол пемперето наполу на комшијата и си отишол постела.

Од силните болештини спискал љубовникот, а жената се исплашила. Го оставила и побегнала. Си легнала до маж и. Љубовникот си отишол дома и за кратко време ноќта умрел. Мажот í утрото нашол дел од пресеченот пемпере. Го засолнил да не го најдат кокошките и да го растргнува во гумното или ливовите да не го пренесуваат од гранка на гранка, поготово страчките и чавките.

По писокот во комшиската куќа, отишол да провери што се случило. Комшиите му рекле дека комшијата ноќеска наздраво умрел. Мажот му запалил свеќа за душа. Дома í кажал на жена дека комшијата ноќеска починал одздраво. Целото село било изненадено.

Селаните оделе да му запалат свеќа. Жената се договорила со комшивката да одат свеќа да му запалат. Мажот í рекол,

– Жено, сега оди ти со комшивките да му запалиш свеќа. Страмота е да не појдиш. Ќе не преговара народот – í рекол мажот.

Жена му се дотерала да го испрати љубовникот – комшијата, а маќот í од кај копата го зел пресечениот дел од наредата од комшијата и со дикат со една безопасна игла и го запнал зади на шамијата со главата пробесен надолу како кикиришка од петел. Жената со комшивките отишла да му дади почит со свеќи на умрениот комшија. Се прекрстила и сите присутни кај мртовецо ја гледале под око со потсмев. Оти на задниот дел одијата има закачено човекова нареда во главата. Дома му кажала на мажа си што забележала. Сите се исмејувале, само таа од жал го исплакала.

Мажот ја прашал, како може, покрај сите нивни болештини, нејзе да í се смеат. Ја завртил со тилот кон огледалото да види што има запнато на шамијата. Таа го видела половината од пемперето од нејзиниот ноќешен љубовник како се беси со главата надолу како кикиришка од петел.

Дознале властите и стасале пред закопот. Контролирале на мртвовецо дали е негов. Неговата брачна другарка не го жалела, оти што барал, си нашол и куќата е запустил, заради љубов со други жени.

Убиецот не го откриле, а љубовницата со дело обесен на шамијата, е осудиле долги години затвор за таквото сторено дело.

Останатите брачни луѓе – мажо и жената, по извесно време направиле нова брачна двојка, дури и деца изнародиле кои станале домаќини.

Жената со наредата обесена на шамијата, обвинета за убиец, по излегувањето од затворот, била осамена. Побарала помош од поранешниот сопружник. Од гревот згора, ја примил како измеќарка да вади парче леб на стари години.

Раскажал: Петре Велјанов Петрески-Бабјак,  од село Марул.

Забележал Томе Велјановски од село Марул.

Приказнава не е објавена во македонските народни еротски приказни

Loading