ДОМАШНА МАСТ ПРОТИВ БОЛНИ ЗГЛОБОВИ

zglobСо годините се оштетуваат зглобовите, се намалува еластичноста на рскавицата и подвижноста на зглобот. Тоа е нуспојава на стареењето. Се чувствуваат болки на најзасегнатите зглобови на колената, на рамената, лактите… Болките може да се појават порано поради фрактура, реума или артритис. Затоа еве еден рецепт за домашна маст која помага во ублажување на болките на зглобовите.

Потребни се по 1 лажица сода бикарбона, морска сол, лут сенф и мед. Се мешаат сите состојки заедно до еднолична смеса. Се складира во тегла и се чува во фрижидер. Се нанесува на болното место, а потоа се покрива со проѕирна фолија и се фиксира со волнен шал. Притоа се внимава на слободната циркулација на крвта. Со оваа облога најдобро е да се преноќи, а следниот ден да се исплакне со млака вода. Третманот се повторува 4-5 дена континуирано секој ден. Доколку е потребно се продолжува.

Оваа количина е доволна за неколку денови, но тоа зависи од големината на површината која се третира.

Loading