ДОМАШЕН СПРЕЈ ПРОТИВ ПЛЕВЕЛ

Здодевено е секој ден да се корне плевелот од домашните растенија. Затоа постои едноставен одговор од кујната. Плевелите се инвазивни билки кои лесно се размножуваат и го забавуваат и го отежнуваат растот на билките дома и во градината. Дури плевелот е толку ,,дрзок,, што го окупира просторот и ја одзема храната на растението кое се одгледува. Може да расте и во најситни пукнатини од ѕидовите и патеките, меѓу бехатонот и украсните цигли. Мрежата од корења предизвика штета. Некои видови и алергии, труења и дерматитис.

Проблемот се решава со домашен производ кој лесно се приготвува. Потребни се четвртина чаша сол, половина лажица детергент за садови и половина чаша јаболкова киселина. Состојките добро се мешаат и добиената течност се складира во шишенце со спреј. Со течноста се прска само плевелот, а другите билки се заштитуваат со картон.

 Искуствата покажуваат дека природното средство е ефикасно без штетни хемикалии.

Loading