АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Кога на совесните им е се’ потешко, на несовесните им е се’ – полесно.

х

На туѓа сметка живеат многумина со богати сметки.

х

Малите во душа и понатаму настапуваат од високи позиции.

х

Кловновите се’ подолго успеваат да се одржат на сцената.

х

Дали има време за анализа на времето во време на невреме!?

х

Не трудете се да се доверите на оние над вас. Тие никогаш нема да ве разберат.

х

Напредувајте додека можете, но не по секоја цена.

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading