ПРИРОДЕН МИРИС ДОМА

Гостите ќе прашуваат и ќе бараат да се открие тајната на прекрасниот мирис во домот, особено зимно време. Оти воздухот е ладен и загаден, и честопати сме лишени од свеж и пријатен воздух. Тоа е нус ефект на пореткото проветрување. За жал, повеќето од луѓето посегнуваат по разни освежувачи за простории кои се еден вид на решение, но можат да бидат и опасни по здравјето, бидејќи го зголемуваат ризикот за заболување од рак или астма.

Постои едно ефикасно и природно решение кое не чини многу, а резултатите се совршено мирисни. Да се направи домашен освежувач на воздухот, потребни се 4 лажички сода бикарбона, 2 капки масло од лаванда и 3 чаши вода. Се мешаат состојките во н сад, а потоа се преточува во чист сад со распрскувач. Се користи по потреба, со прскање врз завесите, драперите, украсните перничиња, теписите… Мирисот и свежината ја преплавува просторијата и ги воодушевува и гостите и домаќините.

Loading