ТЕАТАР 4 СЦЕНА 5 ЈА ПОДГОТВУВА „СОЛУНСКИ ПАТРДИИ“

Култната комедија ,,Солунски патрдии,, од Миле Попоски наскоро ќе биде поставена на сцената од Театар 4 Сцена 5. Играат некогашните членови, кои ја прифатија поканата за претставата од хуманитарен карактер. Премиерата е планирана за март. Собраните средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

Лани театарот ,,Чин 4 Сцена 5,, ги донираше средствата од претставата ,,Викенд на мртовци,, во целосна промена на дограмата во дневниот центар за лица со посебни потреби Ѕуница.

Loading