ТАТЕ

– Ко џа време ги нема мајтапчииве Рампо и Цанета. Глем че дојда од нашиве, че се повртка, че се пошеколка, че си замина – му вели Киро од Стровија на Стојан од Дрен, двајцата желни за драпачка од мајсторите на мајтапот.

– Да видиш, мајката, и Стојаница моја ме сејчава дека се врајчам дома ко без душа. Како да и кажало пилето дека не и носам драпачка. Па ми вели: – …Пак си идиш ко наврнат и без понада за душата. Не дојдоа Рамо и Цане, а домајчне? 

– Кај да се акнати, а?

– Негде се далдисани, ама кај и да се, че се вратат. Море, еве ги. Ниту тие без нас, ниту ние без нив. Чути че се изнасладиме денојве. Сигурно се наторени со чешити, оти глем до уши се насмени.

– Шо сте се изретчиле? Нé нема, а вие усвит – неазадоволен од малото присуство на сцената, се подлутува Цане.

– Не секирај се. Народов е како проѕевката. Еден нека зини, сите че ги отпетла. За аламинут че се нацрта. Биди рајат – го амортизира Стојан, Цанета.

– Еве, од кај саатон колона наши фанови. Им недостасуваат уште бајраци, па да нé бодрат. Ај подготвувај се за слушнатото во Мариово – го храбри Рампо.

– Арно, че се подготвам. Ама шо ти беше то феној? Колку шо глем овде сите сме без коса, ко зелки!

– Не феној Цане, туку фаној. По наше навивачи, луѓе кои доаѓаат да ги слушнат нашите чешитлаци.

– Ааа, за чешитот лујџе било вака: -…Неко невеста отишла средсело да залеј вода во стомните и слушнала муабет дека свекоро многу се жалел од неа. Не го перела, не му готвела, не го сајкалела…

– И… – праша дреновецот Киро?

– Мариовките се итроманки, ќерки на Итар Пеја! Ни пет-ни шес рекла: -…Госпо ми е сведок, тој гледа како го дујдисувам татка, ама тате излапе, од газот си ги ваде, ако нека си ги ваде, нека си ги јаде, важно е ја за него лошо да не кажа – се исповедала снаата…!      

ДДБ

Loading