ПРИЛЕПСКИ ДЕЧАЦИ – ЕСЕНСКИ ПРВАЦИ

Историја

Istorija

Есента 1987 година е меѓу најуспешните во историјата на Победа. Мерило се резултатите и гледачите. Екипата на Кирил Анески во Втората југословенска лига нареди 7 победи од кои последната дома со Црвена звезда од Гнилане. Пред овој меч, со оглед на очекувањето два нови бода за искачување на врвот од табелата, на малата, северна трибина, беше истакнат транспарент ,,Прилепски дечаци – есенски прваци,,. Комбинацијата македонски со српски јазик не е само одраз на тоа време, ами и на целта – пораката да допре насекаде низ федеративната држава. Фудбалерите се оддолжија на 10-те илјади гледачи со борба на теренот и триумф од 3-0 со головите на Гунев и два на Досев.

Сепак, по сомнителните 0-0 дома со Нови Пазар, следеше пад на табелата.

Loading