НЕМА НИ НАЈМАЛ ПРОБЛЕМ ВО РК ПРИЛЕП

Ракомет

Навикнавме да слушаме поплаки од мнозинството спортски клубови. Некои немаат пари, други се жалат на условите за работа… Редок исклучок е РК Прилеп. Клубот и финансиски и организациски е на ниво.

– Сé е како што треба, нема проблеми. Ја поминавме кондициската фаза низ тренинзи – претпладне во вежбалница и навечер в сала. Од понеделникот почнавме со топка. Повредени нема и сите се на располагање. Ја имавме првата пријателска со Струга, а в среда е втората дома со Радовиш – вели тренерот  Адријано Котевски.

И женскиот тим Деспина се подготвува за пролетната етапа под водство на тренерот Страшо Илиески. Тренираат ракометарките што играа есеноска. Во клубот не очекуваат никакви промени и натаму. Првиот пријателски меч ќе биде околу 15-20 февруари.

Loading