КАКО ДА СЕ ДОЖИВЕЕ СТОТТАТА?

Еве неколку совети на човек кој доживел 104 години. Тој говори за своите животни навики.

Вели дека треба да се научи во сé да се гледа живот и во сé да се ужива, од тревата, дрвата, птиците, животните, земјата, небото. Гледајќи ги ги љубезно и со полно срце, тие ќе возвратат. Ова го нема во книгите. Препорачува да се оддели време за стоење бос на земја. Тоа значи дека се дава телото на земјата за таа да не го повика. Советува да се ползува секоја можност да се биде, оти таа ослободува од уморот и ги прочистува мислите. По него, пожелно е да се пие чиста вода што повеќе, без ожеднување, оти водата е најдобриот лек. Да не се пијат слатки и минерални води од шише, оти дел го загрозуваат црниот дроб и ги затнуваат крвните садови. Секојдневна конзумација на зеленчук, цвекло, грав, тиква, бобинки, морков, домати, пиперки, спанаќ, зелена салата, јаболка, грозје, сливи. Место може да се јаде ретко. Лоша храна се колбаси, пржени компири, колачи и храна во конзерви, а најдбра е житарки и зеленчук. Грабливците јадат месо, но се мрзеливи, а коњите јадат житарки и се активни. За момалку да се јаде се пие повеќе вода, компот и свеж зеленчук. Пожелно е еден ден во неделата да не се јаде, туку да се живее од вода. Постот е милост што јакне и подмладува. Сонцето треба да се пресретне кога изгрева и кога заоѓа. Овој ритам му дава сила на телото и умот. Мозокот подобро се одмора и се бистри за сон. Се отспива половина час во текот на денот за да се освежи крвта во главата. Не се легнува веднаш по јадење, зошто салото се таложи во крвните садови. Помалку седење и повеќе движење на отворен простор. Погодно е да се живее во малку топла просторија само да бидат загреани стапалата и рацете. Телото старее и пропаѓа од многу топлина. Телото се јакне со билки, треви прелиени со врела вода. Овој пијалак се пие цел ден. Благодетите се чувствуваат во зима. Не ги заборавајте јаткастите плодови. Оревите се моќнахрана за мозокот. Бидете љубезни и внимателни, оти од луѓето може да се научи нешто.Тие не се ниту пријатели, ниту непријатели. Суденото се  добива кога-тогаш. Потребна е трпеливост, без оптоварување на душата. Не се верува во предрасуди, астролози и пророци.Така срцето и телото остануваат чисти. Кога ви е лошо, потребно е многу шетање во природа, каде и да е, ливади, шуми, покрај река… Водата ја однесува тага И доенсува мир со работа. Не расте мов на камен што се тркала. Несреќите држат до неподвижност. Без бегање од нив и чувстувакте  се дека доминирате над нив. Нема страв да се научИ нешто ново.

Loading