ИСТОРИСКИ ЦЕНИ – КИЛО ТУТУН, КИЛО СИРЕЊЕ

Интервју со директорото на Тутунскиот комбинат Кирил Станкоски

16

Плус откуп и расцветана соработката со Филип Морис

Просечната откупна цена 221 денар од килограм

Добивка по 20 години

Штедење и модернизација

Платите зголемени за 25 отсто

Како стоите со откупот на тутунот?  

Тутунскиот комбинат (ТКП) ги откупи договорените количества тутун од кооперантите од ланската берба. Но, до 28 февруари откупните пунктови ќе останат отворени и ќе откупува над договореното, Или уште околу седум отсто, колку што имаме средства. Ќе откупиме 107 проценти со планираното. Инаку во земјава се откупени околу 25 илјади тони. Бидејќи се договорени 26,6 илјади тони, остануваат уште 1600 тони. Информациите наши говорат дека не се преземени уште околу 1200 тони. Нема простор за паника, нема вишок на тутун, овие количества ќе ги откупат компаниите што не го презеле договореното. Никогаш досега немало откуп со вакви историски цени. Кај нас просекот е 221 денар од килограм, плус субвенциите и доаѓа околу 300 денари. Или постигната е цена на килограм сирење еднакво на килограм тутун, што била стара мерка.

Како може да се доближат разликите меѓу класите на втората и третата класа или 80 денари меѓу првата и втората класа?

-Субвенциите го достигнаа максимумот. Во ЕУ нема субвенционирање по количества, туку по површина. Со субенциите по класи се стимулира квалитет. Кај цените по класи, меѓу првата и втората, има голем диспаритет. Почнати се преговори со кооперантите за изготвување на правилник со мерила за оценка на тутунот. Има предлози, идеи од претставниците на тутунопроизводителите. Седнати се откупувачите и кооперантите и ќе се најде заеднички јазик. Особено за разликата меѓу прва и втора класа каде првата е 280, а втората е 200 денари. Но, првата класа се предава над 30 отсто. Тоа се поголеми количества од реалноста, додека се знае дека од еден страк во идеални услови максимум од прва може да се произведат од 7 до 12 отсто, додека се проценува во прва над 30 отсто или во моментов е околу 33 отсто. Ако се цени по мострите, цената ќе биде пониска. Најден е мунасип меѓу откупувачите и кооперантите.

Каков е вашиот коментар за увозот на необработен тутун?

На компаниите им е законска обрска да ги преземат и да платат сите договорени количества од тутунопроизводителите. Изјавата на дополнителниот министер за земјоделство дека се увезува тутун е манипулација. Според законот, компаниите имаат законска можност да увезуваат тутун за обработка и да ги дополнат слободните производствени капацитети за обработка. Една компанија увезе за обработка околу 900 тони од Грција и од Бугарија. На овие количества им се додава дополнителна вредност. Ги обработува со наша работна рака и после обработениот тутун се извезува. Тоа е придобивка за искористување на капацитетите. Инаку, забранет е извоз на необработен тутун, а не и увозот.

Како финансиски ја минавте 2019 година?

Првичните финансиски резултати покажуваат дека се натфрла позитивниот тренд од септември кога се покажа добивка од 110 илјади евра. Сега добивката ќе биде поголема. Во почетокот на март ќе ги изнесиме прецизните бројки и во 2019 година ќе имаме позитивен извештај. ТКП застанува на здрави нозе по 20 години. Горди сме на тоа.

Што се работи на полето на развојот?

Се модернизираат капцитетите максимално во градежниот дел кај цигарната според стандардите на Филип Морис. Се редуцираат трошоците со инсталацијата на клими со инвертери. Заштедите се огромни средства. Инвестицијата се врати за еден месец, а трошоците за метан за загревање беа далеку повисоки. Промената дограмата овозможи поголема енергетска ефикасност и намалување на давачките за енергија. Соработката со Филип Морис се продлабочува. Одлична е продажбата. Задоволни се со квалитетот. ТКП има 235 редовно вработени, заедно со новите 36 млади остручени кадри кај операторките, браварите и електричарите. Стросната граница се спушти од 55 на 38 години. Тоа беше изведено во координација со стратешкиот партнер со кого разговараме за новитети. Полека го исполнуваме капацитетот и се бориме со жестоката конкуренција. Во делот на тутунот, речиси комплетно откупуваме за стратешкиот партнер. Имаме квалитетна откупена суровина. Очекуваме во 2020 година уште подобри резултати. Финансиските обврски ги сервисираме тековно. Дури решивме замрзнат кредит од деведесттите години од 1,7 милиони евра, кој стаса за наплата годинава. И го репрограмиравме и за неколку години ќе го исплатиме.

Дали реагиравте кај наградувањата на вработените? 

Со корекцијата на минималецот се зголемени платите за околу три илјади денари. Наједноставните работни места се околу 16 илјади денари, па понатаму се искачуваат според сложеноста и одговорноста. Или последнава една ипол година, платите на работниците се пораснати за 25 отсто.

Loading