ИЛАЧ ЗА ПОБЕЛЕНИ ПРАМЕНИ

kosaМеласа е темнокафеава густа течност што е остаток при производството на шеќер и се користи за добивање на шпиритус и квасец. Тоа е природен засладувач што често се користи за слатки. Но, оваа чудесна течност спречува побелување и опаѓање на косата. Богата е со магнезиум, железо и калциум. Маската за коса е одличен третман за убавина.

Од искуствата се заклучува дека на многумина им помогнало. Најдобар ефект сепостигнува ако се користи како јадење, но и како маска. Меласата во храна го поттикнува растот на косата поради комбинацијата на хранливи материи кои спречуваат појавување на бели влакна.

Меласата за надворешна употреба ја храни косата и ја коригира на природен начин поради својата текстура. Жените ја користат за замена за регенератор и влакното се прави свиленкасто и мазно, спречувајќи ја појавата на бели влакна. Меласата не се става на коса, бидејќи е леплива и тешко се отстранува. Се комбинира со јогурт, полн со амино киселини, добри бактерии, цинк и млечни киселини.

Рецептот спречува опаѓање, делотворен е против ретка коса, ја коригира косата и í дава фантастичен изглед!

Потребни се 50 мл. јогурт, 2 лажици органска меласа, 1 лажица јаболкова киселина и 2 капки есенцијално масло од рузмарин. Се меша јогуртот, меласата и јаболковата киселина додека се добие изедначена смеса. Се додаваат неколку капки есенцијално масло. Се масира маската на темето од главата и краевите. После се става капа за туширање или пластична кеса, маската да делува 15 минути. Потоа се мие косата со шампон.

Loading