УЧИЛИШНА ОЛИМПИЈАДА 1991

Историја

Од 23 до 30 мај 1991 година градов беше домаќин на Третата спортска олимпијада на училишната младина на Македонија, со учество на близу 2000 ученици. Тие се натпреваруваа во осум спортски дисциплини. Од екипните спортови, Прилеп освои прво место во женски ракомет, благодарение на екипата од ОУ ,,Рампо Левката,,, предводена од наставникот К. Алексоски и асистентот Т. Зулјамоски. Настапија: С. Пирганоска, С. Карбеска, Г. Талеска, Н. Ристеска, М. Димоска, В. Кузманоска, Н. Петејчук, А. Димоска, В. Котевска.

Вкупна табела од сите дисциплине и возрасти: Велес 123, Скопје 119, Битола 115, Струмица 109, Кратово 96, Прилеп 92, Гостивар 84.

Loading