РАСПРАВА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО МАРКОВИТЕ КУЛИ

Markovi Kuli

Се дебатира за Планот за управување со заштитеното подрачје Маркови кули, како споменик на природата организирана од Институтот за старословенска култура, што управува со Марковите кули заедно со  Министерството за животна средина. Се расправа за стратегиската оценка за заштитеното подрачје и за Планот за управување со Споменикот. Се предвидува никој да не презема било какви активности на комплексот без одобрение на Институтот.

-Јавната расправа за стратегиската оценка на животната средина непосредно е поврзана со планот за управување со споменикот на природата Маркови кули. Во документот се антиципираат можните проблеми при планирањето и ставањето во функција на планот за управување и на овој начин се добива алатка која би ги елиминирала можните проблеми во заштитата и надградбата на споменичните вредности на просторот. Другиот суштински документ, со кој се заокружува управувањето со заштитениот  простор, е Планот за управување во два основни сегмента. Првиот се однесува на идентификување и валоризирање на природните и на културните содржини, а вториот сегмент е системот на управување со заштитеното подрачје. Првиот сегмент е аналитичен и се заснова на природните и на културните вредности, а во вториот, суштински и оперативен сегмент, се дадени основните четири зони на управување за дозволените активности за заштита и за зачувување на автентичните вредности и нивно ставање во функција за културна промоција и за туризам – вели д-р Бранислав Ристески, директор на Институтот за старословенска култура.

Министерството за животна средина е обврзано да ја одобри финалната верзија за натамошно усвојување, кое го врши Институтот за старословенска култура, кој управува со просторот.

Со документот,  целосно се регулира заштитата што ќе трае 10 години, со цел да се зачуваат автентичните вредности на комплексот на околу 4.000 хектари, кој опфаќа и најмалку девет културни споменици, меѓу кои се – манастирите Трескавец, Архангел Михаил, горниот град на средновековниот Прилеп, цивилниот сегмент на средновековниот Варош, потоа црквите Св. Димитрија, Св. Никола, Св. Петар и Павле, Св. Атанас и црквата Св. Богородица Пречиста.

Loading