„МЕДЕНА ЗЕМЈА“ В КИНО

На 5, 6 и 7 февруари

Medena Zemja Prilep 2020 1

„Медена земја“ првиот документарец во историјата на Оскарите кој покрај тоа што е номиниран во категоријата за најдобар документарец, е и за златната статуетка за најдобар странски филм, ќе може да се гледа во киното Мис Стон на 5, 6 и 7 февруари од 19 часот. Влезниците ќе можат да ги набават од билетарницата два часа пред почетокот на филмот.

,,Медена земја,, е документарец кој првпат во светската филмска кинематографија добива две номинации во иста година за наградите на Академијата. Филмот ја доби и најважната награда за кинематографија АСЦ од американската асоцијација на кинаметографери.

,,Земи половина од медот, половина остави за пчелите,,. По ова правило за баланс со природата се води Атиџе, последната жена – одгледувач на диви пчели во Европа, која живее со својата мајка во централна Македонија. Кога во соседството ќе се досели номадско семејство -пчелари, таа се соочува со сериозен предизвик, да ги спаси пчелите и да ја зачува природната рамнотежа на земјата. Ако еден го прекрши правилото, сите ја плаќаат цената!

Филмот трае 85 минути,  режисери се Љубомир Стефанов И Тамара Котевска. Освен Атиџе Муратова, играат и Назифе Муратова, Хусеин, Љутвие и Музафер Сем.

Loading