ИЗБОР НА МЕД КОЈ ОДГОВАРА?

medСекој од многуте видови мед е лековит. Тој е биокатализатор и добар е за цревата и воопшто за дигестијата. Природниот мед е од голема корист при било која болест.

ЛИПОВ МЕД – Бистар, речиси проѕирен, доста сладок. Ги олеснува дишните тегоби и се препорачува кај настинки и грип. Поттикнува потење, поволно делува врз дигестијата, ублажува грчеви и ги смирува болките. Корисен е за проблеми со бубрезите, бидејќи поттикнува излачување на штетни материи од организмот. Липовиот мед не смеат да го консумираат срцеви болни.

ЦВЕТЕН МЕД – Или ливадски се добива од различни видови цвеќе. Има благ и ароматичен вкус. Се препорачува за подигање на имунитетот и закрепнување после болест, кај сезонски алергии и алергиска астма.

БАГРЕМОВ МЕД – Има светложолтникава боја и силен сладок вкус. Им одговара на повеќето луѓе, бидејќи аромата не се чувствува во напитоците. Одличен избор е за мали деца и за лица кои закрепнуваат после болест. Корисен е за кардиоваскуларниот систем и запек. Со седативните својства, помага и при несоница, нервоза и напнатост.

МЕД ОД ЖАЛАФИЈА –  Најчесто е во светложолта со зеленкаста боја со слаткаст до горчлив вкус. Релаксира и го подига расположението. Медот се користи за лекување на тегоби со респираторниот систем, особено при кашлици, но и за јакнење на имунитетот.

МЕД ОД КОСТЕН – Има специфична цвенокафеава боја со посилен вкус. Тој е силен антибиотик. Затоа е најлековит. Погоден е  за сите болести и воспаленија. Делува кај чир на желудникот, жолтица, бактерија во уринарен систем, слаба циркулација и ослабен срцев мускул. Ја подобрува дигестијата.

МЕД ОД ЧАЛИЈА – Висок квалитет со жолта боја. Невозможно е да се фалсификува. Брзо кристализира и има нежен вкус. Богат е со состојка која ја поттикнува циркулацијата. Го намалува штетниот холестерол. Го јакне имунитетот. Се користи за превенција и за лекување на малигни болести.

ПЛАНИНСКИ МЕД – Многу е лековит, оти е добиен од незагадени планински билки. Има силно антимикробно дејство, па дури и кога ќе се разреди во однос 1:150. Го јакне имунитетот, го олеснува дишењето и влијае на воспалено грло и синуси. Помага притив гинеколошки тегоби.

МЕД ОД ЛАВАНДА –  Има интензивен вкус и мирис со светла, но и темна боја. Овозможува искористување на калциум и железо од храната. Се препорачува на трудници и на оние со недостиг на калциум, при проблеми со забите и коските, остеопороза, висок крвен притисок. Ги чисти белите дробови и ја смирува кашлицата.

МЕД ОД ЕВОДИЈА – Баран е на америчкиот отколку на европскиот пазар. Сличен е со медот од багрем, но има специфичен овошен вкус. Не кристализира. Има многу потентен состав.

МЕД ОД СОНЧОГЛЕД – Има специфична жолтеникава боја, вкус и мирис. Брзо кристализира. Погоден е против тегоби на дишните патишта.  Природно средство е за сите воспаленија. Го забрзува зараснувањето на раните. Се препорачува на стари лица на кои им е потребна дополнителна енергија.

МЕД ОД РЕПКА – Има светложолта боја и содржи голем број цветен прав. Веднаш кристализира. Така се препознава од лажниот мед. Го чисти црниот дроб и го регулира нивото на масните киселини во организмот.

ШУМСКИ МЕД –  Медот од елка и бор или листопадни дрвја, шумски мед е вкусен и е со темна боја. Брзо кристализира. Се добива од медена роса, кои ја произведуваат растителните вошки во одредени временски услови. Има силно антимикробно и антивоспалително дејство. Се препорачува на анемични лица, за закрепнување после тешки болести и операции. Богат е со минерални соли и содржи малку шеќер. Се препорачува на дијабетичари и спортисти.

Препорачано дневно количество на мед за возрасни е меѓу 60-100 г, распоредено во три делови (наутро, во текот на денот и пред спиење). Пред да се голтне медот потребно е добро да се растопи во устата. Кога се додава во топли напитоци, се внимава течноста да не биде потопла од 40 степени, за да се сочуваат лековитите својства.

Loading