ЕДНОДНЕВНА ДИЕТА

orizСамо еден ден седмично во кој се јаде исклучиво лесна храна е доволено за ослободување од подуеноста и за чистење на отровиите од организмот. Ако овој ден се претвори во вообичаен седмичен ритуал, со времето се бележат видливи резултати на вагата. Оваа диета е популарна под името ,,Еден ден,,. Жените се ,,збеснати,, поради тоа што нема претерано одрекување и не е опасна како некои други диети.

Овој начин на слабеење лесно ги отстранува вишокот на течности од организмот и овозможува одмор на органите кои учествуваат во дигестијата на храната. Ако диетниот ден се спроведува еднаш неделно еден месец, ќе се загубат 3 килограми, под услов да нема прејадување во другите денови.

Може да одберат едно од двете предложени менија. Општо правило е без сол и додаток на зачини и со задолжителни 2 литри вода за 24 часа.

ОРИЗОВ ДЕН – 150 г. ориз сварен во многу вода и поделен во три порции. Конзумирање, наутро и навечер со додаток на малку зеленчук со зачини, а за ручек 200 г. варен домат.

КОМПИРОВ ДЕН –  70 г, компир и 60 г. варен зеленчук, за една порција за појадок, ручек и вечера. Компирот може да биде варен или печен во рерна. Зеленчукот за прилог варен на пареа. Дозволени се зачини, магдонос, мајчина душичка

Loading