АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Што е полошо: неспособни политичари или способни за се’?!

x

Од слободата на изразување  сигурна е само слободата на молчење.

x

Диктатурата на пролетеријатот предизвика појава на многу диктатори…

x

Залудно чекаше да му се насмее среќата. Таа само заби му покажуваше.

x

Среќата ја чинат мали нешта, а несреќата мали души.

x

Должникот  јавно тврди дека ги исплатил доверителите, само парите ги нема никаде!

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading