ЗИМСКИ ПОПУСТ НА КНИГИ ВО ВИКЕЛИ

zimski popust

Како секоја година, и оваа, книжарницата Викели на љубителите на пишаниот збор им излегува во пресрет, организирајќи зимски попуст на изданијата од Клубот Матица. Попустите се од 30 до 50 проценти. Така секој може да најде наслов по свој избор и да ја збогати домашната билбиотека или пак да подари книга.

Или како што вели Андриана Ристеска секоја книга е единствена, а посветите и пораките на корицата се трајни и во иднина ќе се евоцираат спомени за драги луѓе и неповторливи мигови.

На попуст се околу 100 наслови, а саемот трае до идната недела.

Loading