ВОДИЦИ 2020

2

Дека фаќањето на крст на празникот Богојавление – Водици носи среќа најдобро знае 26 годишниот Филип Стојаноски. Тој го фати Светиот крст вторпат. Не ни помислил пред 4 години, кога прв пат го фатил крстот, дека тоа ќе му донесе среќа, годинава пак да биде најксметлија меѓу 110 верници во водите Аква паркот Салида. По крстот досега се фрла осумпати. Вработен е во армијата. Годинава се надева дека ќе добие и животна сопатничка. Од црквата доби икона со крштевањето на Господ Исус Христос, а Општината му подари крст и телевизор од еден спонзор на манифестацијата. 

– Пред 4 години бев најбрз. Фаќањето ми донесе здравје, среќа и вработување. Сега посакувам женидба и се најубаво во фамилијата – рече Филип Стојаноски.

Од година во година сé повеќе прилепчани скокаат по светиот крст. Се помасовно се одбележува празникот Богојавление – Водици.  Од 110 пријавени, годинава, 6 беа девојки. Најмалиот учесник Вања Ѓорѓиоски имаше 10 години, а најстариот Роберт Стојаноски роден 1969 година.

Богојавленскиот водосвет се изведува на 19 јануари, по завршувањето на Света Божествена литургија. Во црквата Свето Благовештение традиционално верници во дворот на црквата носат гулаби кои ги пуштаат да летаат. Го симболизираат Светиот дух кој според Светото Писмо во вид на гулаб слетал на реката Јордан во моментот кога Исус Христос бил крстен од Свети Јован Крстител.

Чинот на положување на крстот во водите беше извршен и во селата Селце, Витолиште, Мало Коњари, Големо Коњари, Кадино село, Ново Лагово, Штавица, Чепигово, Беровци, Ерековци, Подмол, Клепач и Тополчани.

{AG}582/vodici{/AG}

Loading