ТРЕНИНЗИ СЕКОЈ ДЕН

Ракомет

Се подготвуваат ракометните екипи за пролетниот дел од првенствата.

Тренинзите се во салата ,,…Ричко,,. Женскиот тим Деспина работи кондициски десетина дена. На располагање на тренерот Страшо Илиески се 16 ракометарки. Во февруари ќе има пријателски средби, а првенството продолжува на 29 февруари.

Машкиот прволигаш Прилеп со тренинзи стартуваше во понеделникот. За тренерот Андријано Котевски е значајно што нема отсутни. Планирани се повеќе тестови пред натпреварите за Куп на 29 февруари.

Од Деспина се очекува подобрување на 6 место од есеноска, а од Прилеп добро претставување во плеј-офот меѓу 8 тима кандидати за влез во Супер лигата.

Loading