КУПУВААТ И НЕ ЖАЛАТ ПАРИ ЗА ДА ЗЕМАТ ТИТУЛА

Пинг-понг: Младост со едно, Младост 96 со пет засилувања

Dejan Ocokoljik

Помина времето кога пинг-понгот беше меѓу финансиски најзагрозените спортови. Тогаш прилепските клубови само извезуваа играчи, сега и увезуваат. И тоа не кој било, туку врвен квалитет. Сé почна предминатата суперлигашка сезона со доведувањето на штипјанецот Костовски во Младост 96. Следеше потег од градскиот ривал Младост со ангажирање на Србинот Милошевиќ. Потоа и Младост 96 зеде Србин, Миленковиќ. Есеноска Младост го замени Милошевиќ со уште подобар Србин, Оцокољиќ, со чија помош стигна до есенската титула. И најново – Младост 96 го задржа Миленковиќ, а зеде и нов Србин, репрезентативецот Костадиновиќ, доведе нашинец од Шведска, Рустемовски, како и државниот првак, кривопаланчанецот Станојковски.

Кој е посилен? Есенскиот лидер Младост со Јочкоски, А. Штаргоски, Оцокољиќ и З. Јованоски или третиот Младост 96 со А. Рикалоски, Лашкоски, Миленковиќ, Костадиновиќ, Рустемовски и Станојковски. Едно е речиси сигурно – титулата по 10 години се враќа во Прилеп.

Loading