„ВРЕВА НА ДОЛНИОТ КАТ“

Предлог книга 

На љубителите на пишаниот збор за викендов им предлагаме да се дружат со книгата ,,Врева на долниот кат,, од Линвуд Баркли. Делото е едно од најпродаваните по новогодишните празници. Мераклиите на мистерии можат да уживаат во исклучително добар трилер.

-Пол Дејвис заборава, лесно се збунува и страда од ненадејни напади на паника. Не бил секогаш таков. Пол нашол две тела на задното седиште од автомобилот на својот колега. Нападнат е и речиси убиен и оттогаш бавно закрепнува. Неговата сопруга прави што може, но се плаши од најлошото. До вистината… Терапијата помага во текот на денот, ама ноќе тој слуша невозможна врева, која никој друг не може да ја чуе и во која никој не верува. Или тој побудалува или некој сака да го принуди да верува дека е така…

Ова се само куси напатствија кои предизвикаат да ја прочитате овие зимски денови.

Loading