ЗИМСКИ ЦВЕТ – БОЖИКЕН КАКТУС

kaktus

Цвета пред Нова година и носи радост во домот. Тоа е растението божикен кактус. Оваа украсна билка не треба да се допира и не сака да í се менува положбата, особено при цветањето околу божикните празници. Во европските држави се нарекува божикен кактус. Погодно место за одгледување е со доволно светлина до полусенка со малку сонце.

Божиќниот кактус потекнува од Бразил. Во тропските шуми расте како паразит на крошните од дрвата. Кај нас се одгледува како саксиско цвеќе кое цвета од декември до февруари.

Може да се најде во продажба од билки добиени со режење на божикниот кактус. Го има во бела, розе, црвена, пурпурно црвена или лилјакова боја. Со малку среќа може да се најде и со жолти цветови.

За да цвета, се внимава на периодот на мирување и неговиот раст. Погодното место за одгледување нужно е да има  светлина. Фазата на мирување почнува од февруари, односно откако ќе прецвета. Во овој период залевањето е сведено на минимум, само колку да не се исуши. Кога ќе затопли времето кактусот се изнесува надвор. Лете се полева умерено, до јули секои две седмици треба да се наѓубрува. Од август поретко се ѓубри и полева, па така билката зацврстува. При крајот на септември билката се внесува дома и се чува на топло 18-22 степени. Со намалување на дневната светлина доаѓа до појава на пупки. Се размножува преку гранче  кое се става во влажен субстрат. За неколку седмици ќе пушти коренчиња. Билката не поднесува промена на местото во период кога ќе почнат да се формираат пупките и во време на цветање. Ако случајно му се промени местото, може да паднат пупките и цветовите.

Поради слабиот корен не треба често да се пресадува.

Loading