РУБИНЧО БЕЛЧЕСКИ НОВ ДИРЕКТОР НА ЦК „МАРКО ЦЕПЕНКОВ“

Rubinco Blceski nov direktor na CK   Marko CepenkovРубинчо Белчески, советник кустос од Заводот и Музеј е нов директор на ЦК ,,Марко Цепенков,,. За прв човек доаѓа по конкурсот на Министерството за култура кое го изврши и изборот.

Белчески е долгогодишен музејски работник. Во 2018 година беше прогласен за музејски работник во Македонија. Истата година ја доби и општинската награда Трети ноември. Зад себе има долгогодишно работно искуство како музјески работник, директор на Музејот. Реализатор е на бројни проекти. Автор е на изложбата и на книгата ,,Ченто – биографија низ фотографија,,, на изложбата ,,Прилеп низ стари фотографии,,… Објавувал трудови во повеќе научни списанија.

Како историчар сака да истражува, да пренесува нови сознанија во јавноста. Соработува со медиумите, при тоа откривајќи многу непознати факти за значајни настани и датуми, особено од прилепската историја.

Loading