ПУБЛИКАТА ЗА БУЧИН, ПЕХАРОТ ЗА ФЕНЕРБАХЧЕ

Мал фудбал: Хуманитарен турнир ,,Свети Никола,,

Slika Fenerbahce Mal fudbal

-Ранготов на 8 меча даде 16 гола

Спектакл беше финалето од хуманитарниот турнир во мал фудбал ,,Свети Никола,, во Универзалната сала. Пред 2500 гледачи победник стана Фенербахче од Кичево, главниот фаворит. Ривалот Бучин е совладан на пенали со 3-2, бидејќи во основниот дел од мечот беше нерешено, 2-2. Очекувано пехарот е кај кичевската екипа, единствената без пораз и први групата. Биланс, 7 победи, 1 реми, гол-разлика 35-10. Честитки за менаџерот Масаро Легенда, футсал-мајсторите Петровски, Давчески, Тодоровски, Михајлов, Пеев. Трајков, Андов, Рангелов.

Екипата Бучин имаше тежок пат во бодовниот систем. Не беше сместен меѓу фаворитите, но со одличната игра и борбеност ги привлече симпатиите. Во финалето салата грмеше: Бучин! Бучин! Двапати водеа, со головите на Стрезовски и Андреески, но Фенербахче возврати со Пеев и Ранготов. При пенал-серијата о 1-0 дојде до пресврт 2-3 и радост за кичевчаните. Сепак, голем успех е 2 место за Бучин, за кого настапија играчи од Питу Гули, Големо Коњари и Бучин: Спасески, Мургоски, Стрезовски, Андреески, Мирчески, Шопески, Србиноски, Колчакоски, Ѕвездакоски и Стојкоски.

Наградите ги додели фудбалерот на Удинезе, Илија Несторовски. Поединечните им припаднаа на Ѓорѓи Стрезовски од Бучин (најдобар играч), Антонио Петровски од Фенербахче (најдобар голман) и Дарко Ранготов од Фенербахче (најдобар стрелец со 16 гола).

Кај ветераните победи Теа дизајн, кај пионерите Ивовод Победа (2005/6), ФК Битола (2007/8), ФК Перак (2009), Фото студио Дано (2010).

Најсилен аплауз

Имаше дриблинзи, голови и одбрани за мерак. Најсилниот и најдолготраен аплауз го добија донаторите за лекување на малиот Дејан Најдоски. Покрај организаторите на турнирот (Општина Прилеп, Локалниот спортски сојуз, Комфи ангел) во хуманитарната акција се вклучија и финалистите Фенербахче и Бучин.

Loading