ФИЛМ ОД ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ ПРЕСИЛСКИ ВО ЛОНДОН

martin presilskiКраткометражниот филм Детство на снимен повеќе локации на прилепското езеро на Мартин Пресилски стигна да го види лондонската публика на реномиран филмски фестивал. Филмот е во официјална селекција на Британскиот филмски Фестивал Лифт ОФ организиран во Лондон и ќе се прикажува во средината на јануари каде што учествуваат голем број на актери од светот. На пролет филмот ќе учествува и на домашните филмски фестивали.

Филмот е апстрактна приказна во која е опишан крстопатот на минатото и иднината, метафорично изразен преку природата. Детското срце, тивко се обидува да ги пронајде сите одговори и да се справи со препреките на патот кон возрасните пливајќи во водите на непознатото, во костец со животот и природата…

Автор и режисер на филмот е Мартин Пресилски. Ова е деби на филмското платно. Учествувал на повеќе фестивали но како филмски монтажер.

Директор на фотографијата е Бојан Трајкоски, а филмскиот звук е дело на Ријучи Сакамото. Филип Блажески во актерска улога и Симона Пресилски е костимограф – мејк ап артист.

Loading