„ЕКСПЛОЗИВ ВО КРВТА“ – НОВА ПОЕТСКА КНИГА ОД ПЕТАР ПЕТРЕСКИ

Petar petreskiПлодниот автор Петар Петрески ја почна 2020 година со нова книга. ,,Експлозив во крвта,, е новата поетска творба во која тој пренесува  љубовни стихови, рефлексивни и со доза на хумор. Тој ,,пее,, за ,,Чудата на ноќта,, , за ,,Некои луѓе,,, за ,,Бела магла,,, за ,,Случајни насмевки,,… 

Петрески е автор на збирките ,,Песни за темнината,, и ,,Неморални бои,,, на расказите ,,Чудесниот број три,, на романите ,,Светицата и разбирачот,, и ,,Безимениот,,, како и на драмите ,,Трета мајка,,, ,,Песијазол,, и на монодрамата ,,Јас. Илија Димоски Шаторо,, наградена на фестивалот на монодрмамата во Корча.

Авторот  се занимава и со публицистика. Еден период бил и главен и одговорен уредник на списанието за литература, уметност и култура Стремеж. Неговото творештво е преведувано на бугарски и хрватски јазик.

Loading