ЕКИПА ДОПАТУВА БЕЗ ИГРАЧИ!

Историја

Тешка беше фудбалската сезона 1991/92, кога македонските спортски екипи уште се натпреваруваа во системот од Југославија. Дека се ближи крајот на федеративната држава се виде во распадот на спортскиот систем. Првенството во Третата лига – Исток имаше криза уште на почетокот, во август 1991. Во 1 коло Победа ја чекаше Лирија од Призрен. Гостите допатуваа со конфорен автобус, во кој имаше петмина клупски функционери и ниеден фудбалер. Победа не го одигра ниту следниот меч на гости кај Црвена звезда во Гнилане. Стартуваше дури од 3 коло дома со Силекс (5-3).

Првенството не го дочека крајот. Не се одиграа последните 2 кола.

Loading