РАЗЗЕЛЕНЕТ ТРИЈАГОЛНИК НА СРЕД ГРАД

Urnatiot hotel Jadran i starata carsija sto budat spomeni od pedesetite

Педесеттите години од минатиот век. Украсено катче во центарот на местото на плочникот. Од страна се извишила и шармира со својата архитектура велелепната зграда на  хотелот Јадран.

Раззеленетиот тријаголник краде воздишки поради уникатноста и уреденоста. Одделен со бетонски украсни столбчиња покрај кои се засадени зелен појас и цвеќиња. Младите дрвца полека почнале да пуштаат фиданки и зелено руво.

Интересно. До хотелот Јадран има дуќани, кои достигнуваат до дуќаните под ќошето од Старата чаршија. И Градскиот часовник, гордо секогаш го мери животот. Неговите околу 38 метри и камено здание укажуваат на неговата бестрашност, бесконечност и неговиот пркос на времето.

На калдрмените улици невкусно како “струпови” се испречиле дрвените бандери со многубројни чашки. Да, тоа е времето на нашите претци. Скромно, но со идеја за поубаво.

Loading