ПРИЛЕП ГО ОБЕЗБЕДИ ПЛЕЈ-ОФОТ

Ракомет

Машкиот состав на Прилеп стигна до 11-тиот прволигашки триумф. Дома со 33-32 совладан е цврстиот состав на Вардар од Неготино. Домашните постојано водеа, но и 5 гола разлика не беа доволни за мирен финиш. По 30-25, следеше израмнување 30-30. Дури во последниот напад, со гол, е постигната победата.

Стрелци: Пајкоски и Бикоски по 8 гола, С. Трајкоски 6, Попов и Јанески по 4, Дукоски 3.

Две кола пред крајот од основниот дел на првенството, Прилеп  обезбеди учество во плеј-офот, каде од двете прволигашки групи одат по 4 тима. Новоформираната лига од 8 тима ќе стартува од ,,нула,, без пресметани бодови, од каде првакот директно ќе има суперлигашки статус, а вториот оди во бараж-меч. Претходно од групата напролет остануваат само мечевите, на гости кај Куманово, дома со лидерот Астраион Струмица.

Табела: Астраион 37, Прилеп 33, Јуниор КВ и Вардар 28, Куманово 23, Македонија ЃП 20, Алушовски 9, Риниа 5, Текстилец 2.

Loading