ПОЛОВИНА ПОЕН ДО ПРВАКОТ

Шах: Одличен настап на Велески во Задар

Во Задар, Хрватска, се одржа Меѓународен брзопотезен Б-турнир, со учество на 96 шахисти од 10 држави. Единствениот претставник на Македонија, ФМ Роберт Велески, имаше одличен настап, со освоено 3 место, четири места над стартното. Освои 6,5 поени, само половина помалку од првакот, ИМ Ана Берке од Хрватска. Прилепчанецот, практично, го испушти првото место, бидејќи по две реми и пет победи, на крајот загуби од вториот ИМ Дориќ од Хрватска.

Рејтингот е подобрен за 19 поени.

Loading