ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД БОЛНИ АФТИ ВО УСТАТА

Постојат некои природни домашни третмани да се намали болката  од афите, кои заздравуваат за 7-10 дена. Афтата или ,,огнената рана,, во усната шуплина е мал чир што предизвикува огромна болка и понекогаш дури го отежнуваат голтањето на храната. Тие се безопасни вирусни инфекции кои траат неколку дена, но и подолго ако не се лекуваат. 

Афтите се последица на инфекција која мора да се третира уште во раните фази за да не дојде до нејзино ширење.

Хидриран калиумовалуминиум сулфат (калиум стипса) од аптеките се меша со вода до густа паста. Се остава на раничката околу 15 минути, а потоа се плакне со вода. Се нанесува секои три часа да се спречи растењето и ширењето на афтата.

Сода бикарбоната се меша со малку вода до густа паста и се нанесува на раничката да делува околу 20 минути. Потоа се плакне со вода. Третманот се прави пред јадење да се олеснат болките кои храната би ги предизвикала во допир со афтата. Две лажички се мешаат во чаша вода и се плакне устата по јадењетода се заштити устата од ширење на бактерии и дополнително се обезбедува хигиена на забите.

Со индиски јоргован се третираат инфекциите во устата. Со чајот сварен од листовите (со врела вода да стои 30 минути), треба да се плакне устата пред и после јадењето. Ако се најдат свежи листови, најдобро е да се џвакаат за да се спречи ширењето на  инфекцијата.

Инфекцијата во устата може да се спречи со џвакање на листови од босилек или пак да се плакне устата со чај од босилек.

Сокот од кромид се добива со мелење или рендање. Со чист прст или памук натопен во сокот, се мачка раничката повеќе пати во денот. Кромидот има антивоспалителни својства.

Хемикалијата хидроген пероксид разредена во вода се користи против инфекции. Најдобар е триотстотен хидроген за третирање на раничката.

Активните состојки  во сливата се успешни во лекувањето на инфекции во устата. Се користи само свежо исцеден сок од домашни сливи.

Loading