МАМУРЛУК ПОСЛЕ НОВОГОДИШНАТА НОЌ

mamurluk

Мамурлукот е физичка и емоционална состојба, која настапува после прекумерна употреба на алкохолни пијалоци. С повеќе чаши вино, пиво, ракија или некој друг пијалак, алкохолот влегува во желудникот. Преку неговата слузокожа, влегува во крвотокот и во целиот организам. Дури по престанокот со пиење, алкохолот циркулира низ организмот додека не се преработи и се исфрли. Процесот е долготраен. Може да трае до 24 часа.

Симптоми на мамурлукот можат да бидат главоболка, мачнина, нагон за повраќање, вртоглавица…

Потешките облици се ублажуваат. Треба нешто да се јаде, без оглед на апетитот, макар и со сила. Многумина чувствуваат нагон за повраќање, а желудникот е празен. После внесување на солена храна, желудникот почнува да работи и се намалуваат симптомите од мамурлукот.

Алкохолот предизвикува дехидратација на организмот. Затоа, нема  ограничувања во пиењето на вода за да се надомести загубеното.

Стомачните мачнини се елиминираат со пиење на големи количества густ чај од камилица.​ Помагаат и витамините од групата Ц и Б. Добар избор е овошно смути од лимон, цитрон или портокал во комбинација со морков.

Умерено топла бања добро дејство врз исцрпениот организам. Но само кратко туширање. Долгото седење во топла вода доведува до дополнително проширување на ионака раширените крвни садови, што може да доведе до состојби опасни по здравјето.

Помага и мала физичка активност и прошетка. Не треба да се претера или да се премори исцрпеното тело. Прошетката на чист воздух го опоравуваат нивото на крвниот притисок.

При мамурлок се избегнува црното кафе, бидејќи го дразни и така раздразнетиот нервен систем. Кафето се заменува со чај од камилица.

Loading