КОЈ ЌЕ БИДЕ НОВ ТРЕНЕР НА ПОБЕДА?

Фудбал

Управата на второлигашот Победа со образложение дека постои незадиоволство од резултатите во есенскиот дел (пласман на 8 место од 10 тима), го разреши тренерот Тони Мегленски. Се очекува поставување нов стручњак. Тешко е да се претпостави кој ќе биде. Поради скромните финансии, предност ќе има домашен, градски, тренер. Новости се очекуваат најдоцна по Божик, бидејќи тренинзите би требало да стартуваат кон средината на јануари. Покрај тренер, нужни се и засилувања, пред кои ќе претстои тешка задача – скок на табелата од 8 кон 6 место, каде треба да се достигне разликата од 9 бода.

Во врска со клубот се чека потврда дека за него ќе се грижи Општината во иднина.

Loading