ПРЕДНОВОГОДИШНИ КОНЦЕРТИ ВО „ЦЕПЕНКОВ“

Идната недела ќе има два предновогодишни концерти во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“. Првиот на 25 декември од 18.30 часот. Концертот е традиционален и го организира музичкото училиште. Ќе настапат најдобрите ученици заедно со професорите. Влезниците чинат 60 денари и средствата ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

Вториот концерт е на 26 декември од 19 часот насловен ,,„Со звуците на убавата забавна музика,,. Организатор е Општината. Ќе може да се ужива во настапите на Александар Митевски и Драган Спасов Дац, Џон Илија Апелгрин, Марин Бабиќ, Огнен Јанески, Мила Москов, Андријана Дукоска со бендот…

Loading