ПОСНА ТРПЕЗА ЗА ЗДРАВЈЕ И БЕРИЌЕТ

Одбележан патрониот празник Свети Никола

ELS 0002

Со посна трпеза во Прилеп по 14- ти пат се чествуваше Свети Никола. Прилепчани за патрониот празник се почестија со над 60.000 посни сарми со големина на нокт. Каснаа и гравче и рипче, маслинки, а вкусниот залак го поттурнаа со вино, ракија, сок, кој што милува. Празничната софра во центарот на градот под отворено небо ја ораганизираше семејството на Кирил Небрежанец заедно со Локалната самоуправа.

– Иако Свети Никола не е наша домашна слава, а ние ја празнуваме Св.Архангел Михаил, сакаме традицијата да ја пренесуваме од колено на колено. Се надевам дека и моите три ќерки ќе ја продолжат традицијата. Препорачувам секој кој се чувствува подготвен да ја прифати оваа слава, бидејќи сето ова дава поголема амбиција и самиот момент нé прави повесели – истакна Кире Небрежанец, домаќин на градската слава Св.Никола.

ELS 0003

Сармите ги свиткаа 50-тината жени од четирите граѓански здруженија.

– Посната сарма посебно е вкусна со повеќе масло варена на тивко. Посните сарми зрачат на светиниколската трпеза во центарот на градот – истакна Љубица Петреска, здружение Мајка Традиција.

Организирано големиот христијански празик Свети Никола се празнува од 2006 година кога е прогласен и за заштитник на градот.

Прилеп влезе во Гинисовата книга на рекорди во 2008 година со патрониот празник Свети Никола и малите посни сарми.

ELS 0010

ELS 0028

ELS 0031

ELS 0045

ELS 0090

ELS 0131

ELS 0172

Loading