МАСЛИНОВО ДРВО ВО САКСИЈА

maslinovodrvoМаслинката е позната медитеранска билка. Ценети се плодовите. Таа е зимзелено дрво кое може да даде од 15-40 кг. маслинки, или 3-8 кг. масло. Како лек се користат плодовите, кората од дрвото и листовите. Од листовите се приготвува познатиот чај кој го лекува дијабетесот.

Маслинките се вкусна закуска со салати и разни други јадења. Конзервираните не е најдобриот избор, бидејќи е може да содржат разни хемикалии. Затоа е добро дома во асаксија да се засади маслиново дрво. Во зависност од климата, зависи успешноста. Садењето не е тешко. Слично е со садењето на другите градинарски билки.

Се следат потези за успешен развој на маслинката во саксија. Саксиското одгледување е полезно, оти сакцијата може да се поместува на сонце или на сенка, според потребите. Може да засадат повеќе маслинки како декорација.

 За домашно производство на сочни маслинки е потребен сончев балкон, клима и, секако, време. Не се земаат диви, оти можат да бидат неплодни или плодовите да горчат. Најдобро е расадување на млади фиданки во пролет. Зиме, кога температурата ќе падне под 10 степени саксијата се внесува во затворен простор.

Местото треба да е сончано со делумна сенка. Садницата се става  во доволно почва да се покрие дното. После се дотура земја околу  да биде стебленцето стабилно. Потоа се притиска со дланките околу да се набие и се полева со вода. Не е потребна некоја посебна исхрана на почвата со ѓубриво и наводнување. Следната пролет се јавуваат првите знаци на раст. Тогаш се додава малку ѓубриво. Почвата се одржува лесно влажна да не скапе коренот. Се препорачува кастрење по првите цветови, односно плодови после пет години. Возрасните дрва се издржливи на суша.

Loading