ФЕНЕРБАХЧЕ ГИ ПРЕДВОДИ ФАВОРИТИТЕ

Хуманитарен турнир во мал фудбал „Свети Никола“

Иако уште се игра бодовниот дел од Хуманитарниот турнир во мал фудбал ,,Свети Никола,, во Универзалната сала, фаворитите за највисок пласман се издвојуваат. До заклучувањето на весников, Фенербахче од Кичево имаше најдобар скор: 4 победи на 4 меча, 12 бода и гол-диференција 21-5. Веднаш до неа е Автоконтрол со 12 бода (16-4), Мотив дизајн со 12 бода (10-4), Хотел Монтана Најс травел со 12 бода (8-3). Тука не завршува списокот на кандидатите за првото место, бидејќи некои екипи, како Теа Андреа, одигра само 3 меча и има 9 бода (18-1). Претстои осмина, четврт, полуфинале и финале, кое е закажано за в среда.

Универзалната сала е преполна со гледачи.

Loading