ПОРАНЕШНАТА АВТОБУСКА КАКО „АЕРОДРОМ“

Starata avtobuska stanica

Старата автобуска станица на сликава замина во историјата Се премести пристаништето на колективниот патнички превоза кај железничката станица. На нејзиното место никна модерна катна гаража. Само дел од неа сведочи за минатото. А сликата со неколку автобуси, мали бараки за билетари и чекална на незаграден неасфалтиран простор сведочат за местото од каде поаѓале и доаѓале автобусите кои итале до селата и градовите.

Повеќето црвени автобуси биле со дрвени седишта, но тоа не било пречка патниците безбедно да стигнат на својата дестинација, а и без пари да “прелета” по некое писмо или пакет, што не е случај денес.

Местото каде била ,,залегната,, автобуската станица, пред тоа се  нарекувало Сенарник. Тука имало кантари за мерење на  сеното, кое се продавало.

Loading