ИСЧЕКУВАЊЕ ПРОМЕНИ ВО ПОБЕДА

Фудбал

По завршувањето на полусезоната во Втората фудбалска лига – Исток, каде екипата на Победа го освои незадоволителното 8 место меѓу 10 тима, очекувањата се во насока за промени во клубот. Тука се мисли на организациски план, односно остварување на најавите за влез на приватна компанија. На оваа тема има само шпекулации, а се чекаат и официјални информации. Ако се подобри организациската, финансиската состојба, може да се очекуваат засилувања во играчкиот кадар, околу 4-5 фудбалери, според барањата на тренерот Мегленски. Преодниот рок е од 15 јануари до 11 февруари.

Во Женската лига Деспина имаше лесна задача во Радовиш, каде со 1-14 ја совлада Плачковица во последното есенско коло.

Табела: Саса 37, Тиверија 34, Деспина 31, Шкендија 30, Ас унитед 28, Драгон 26, Истатов 19, Топ-Гол 17, Речица 16, Кочан и Борец 10, Атлетико 6, Љуботен 3, Плачковица 0.

Loading