ДЕСПИНА ВРЗА 4 ТРИУМФА

Ракомет

Заврши есенскиот дел од Женската ракометна лига, каде екипата на Деспина нареди 4 триумфа. Откако со 23-24 го совлада Кузман Вардар Илинден во Скопје, дома со 28-25 прво Пелистер, потоа Чаир, во вторникот забележа успех од 20-32 со Ѓорче Петров во Скопје. На овој меч одбраната одлична, а во нападот Цаневска со 5 гола, Камческа со 4 итн. Тимот на Страшо Илиески излезе многу подобар од тој на Владимир Радиќ, некогашниот селецтор.

Табела: Куманово 36, Металург 33, Вардар и Стружанка  27, Чаир и Деспина 24, Пелистер и Спартак 14, Гевгелија 10, Ѓ. Петров 9, К. Вардар 6, Алушовски 4, О. Поле 3.

Машкиот состав на Прилеп по победата со 32-41 над Текстилец во Штип, дома со 34-25 врз Македонија ЃП, во средата Риниа – Прилеп (31-41), а следи дома со Вардар Н.

Loading