АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Во шумата од разни вистини тешко може да се дојде до вистинската вистина.

x

Да не беше загаден воздухот  некој ќе се обидеше да наплатува за дишење.

x

На колата турната удолу фешта не се прави.

x

Го фрлија сидрото пред да ни го препуштат бродот да запловиме.

x

Кога тепсијата е испразнета откако и изедена баклавата редно е да се знае кој се нагостил!

x

Не се откажувај од пријателите, во прв ред од – книгата.

x

Кога за ништо не се умее да се каже “не” како тогаш ќе се опстане?

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading